Како на здрав начин да изгубите 5 килограми за само 10 дена

Posted by Viktor 16/06/2016 0 Comment(s)

Најдобрата диета за ослободување од вишокот килограми е составена од едноставни намирници богати со протеини но со малку калории, кои овозможуваат тежината да се симнува постепено а да не се врати брзо, што е најголем проблем на брзите диети за слабеење. Во зависност од староста, полот, телесните особености и сл. диетата дава различни резултати за различни луѓе, но доколку се придржувате на дадениот план за исхрана, сигурно ќе изгубите над 3 килограми, и изгубените килограми нема брзо да се вратат.

План за исхрана

ДЕН 1
Појадок: 2 филџани кафе без шеќер, 3-4 кајсии
Ручек: 125 гр. посно јунешко на скара, 2 домати, ½ чаша млеко со ниска масленост
Вечера: 1 чаша сок од зеленчук, 100 гр. бифтек, домат и краставица

ДЕН 2
Појадок: 2 филџани кафе без шеќер, кајгана од едно јајце, парче леб
Ручек: шолја чорба со посно месо, 100 гр. печено посно телешко, варена боранија, јаболко, чај со лимон
Вечера: 150 гр. пржен џигер, мешан варен зеленчук, портокал

ДЕН 3 
Појадок: чаша сок од цитрон, домат, варено јајце
Ручек: 125 гр. посен котлет на скара, обарен карфиол со јогурт, кафе или чај со лимон
Вечера: шолја чорба со посно месо, 120 гр. посно телешко месо, боранија, јаболко

ДЕН 4 
Појадок: кафе, 1 портокал, парче црн леб
Ручек: 60 — 80 гр. бифтек на скара, пржен домат и грашок, салата од целер, ½ чаша млеко со ниска масленост
Вечера: чаша сок од зеленчук, 150 гр. риба со блитва, праска, јагоди

ДЕН 5 
Појадок: чаша сок од домати, тврдо варено јајце, парче ржан леб
Ручек: јогурт со ниска масленост, кајгана од 2 јајца со спанаќ, кафе
Вечера: чаша сок од портокал, 100 гр. ладно печено месо, мешана салата

ДЕН 6 
Појадок: кафе, половина цитрон
Ручек: 150 гр. телешки џигер на скара, 2 парчиња двопек, салата, два домати, две јаболки, кафе
Вечера: 150 гр. посна риба, салата со целер, два домати, две чаши млеко со ниска масленост

ДЕН 7 
Појадок: чај со лимон, 1 јајце со сос од домати
Ручек: шолја супа од посно месо, 120 гр. варено посно месо, салата од домат и краставица, 1 јаболко
Вечера: чаша сок од зеленчук, 50 гр. ладно пилешко, динстан спанаќ со јајце, салата од домат и краставица

ДЕН 8 
Појадок: тврдо варено јајце, сок од лимон, 2 домати, зачини – се заедно измешано.
Ручек: 150 гр. риба на скара, динстана боранија и морков, зелена салата и краставица зачинети со јогурт, ½ чаша млеко со ниска масленост
Вечера: чаша сок од домати, 100 гр. варен џигер, 3 кришки домат – краставица, кафе или чај со лимон

ДЕН 9 
Појадок: рендано јаболко со лимон, тврдо варено јајце
Ручек: 100 гр. пилешко, обарен карфиол, домат, кафе или чај со лимон
Вечера: чаша сок од зеленчук, 100 гр. посен бифтек, салата од домат и краставица

ДЕН 10 
Појадок: кафе, ¼ цитрон, еден домат
Ручек: 2 плескавици од посно месо, зелена салата прелиена со јогурт, морков, кафе
Вечера: шолја посна супа, 2 тенко сечени парчиња печено телешко или јунешко, зелена салата измешана со домат – патлиџан, кафе или чај.

Пробајте, ова можеби е навистина најдобрата диета за вас!