Nature Essential - Калциум, Магнезиум, Цинк

Nature Essential – Калциум, Магнезиум, Цинк

Додека калциумот ги заштитува коските и ја контролира работата и средината во бубрезите, магнезиумот го штити вашето срце, ги смирува нервите и мозочните функции, а цинкот се грижи за убавината на кожата, здравјето на репродуктивните органи, видот и слухот. И така добивате целосна заштита на вашето здравје.  Хелирани, што значи врзани со аминокиселини, кои организмот ги препознава како храна, многу полесно се апсорбираат во организмот. Одличен додаток за поубаво секојдневние.

Калциум – терапија за коските и бубрезите

минерал од клучно значење за функционирање на човековиот организам. Учествува во бројни процеси, од функционални до структурални. 99% од целата количина на калциум во организмот е сместена во коските и забите. Сепак, на организмот му е потребен калциум за метаболитички процеси. Па така, кога нема доволна количина во телото, организмот посегнува по калциумот во коските, а со самото тоа ги ослабува. Затоа, вистинското количество калциум во крвта е од клучно значење за здрави и цврсти коски.  Калциумот игра важна улога во човековиот организам. Неопходен е за функционирање на нервите, клетките, мускулите и коските.

Магнезиум – терапија за срцето и сонот

Магнезиумот е минерал кој му е потребен на секој орган од човековото тело. Учествува во повеќе од 300 метаболитички функции во телото. Секој орган на телото почнувајќи од срцето, мускулите и бубрезите, е зависен од присуството на магнезиум. Повеќе од 60% од целокупниот магнезиум во телото на човекот се наоѓа во скелетот (во коските и забите), 27%  се наоѓа во мускулите, а 6 – 7% во клетките.  Претставува неизоставен дел од структурата на нуклеинските киселини, а со од тоа зависи и работата на клетките. Одлично влијае врз релаксација на нервните клетки, а со тоа и на сонот, раздразливоста и анксиозноста.  Најважно од сѐ, активира ензими и ги регулира нивоата на бакар, цинк, натриум и витамин Д.

Цинк – терапија за имунитет и убава кожа

Цинкот е есенцијален елемент кој на огранизмот му е потребен во трагови. Неговото влијание е толку големо што само малку цинк е доволно да покрене метаболитички процес. Цинкот е одличен третман за многу болести вклучувајќи недостаток на цинк кој резултира со прекинување на растот. Покрај тоа цинкот е одличен лек за болести како отапено чувство за вкус, ADHD, Хронова болест, луѓе со нарушувања во исхраната како анорексија.

Зошто Ca, Mg, Zn?

Вистинскиот ефект на оваа фантастична целокупна тројка може да го забележите на целиот организам бидејќи ова минерално трио влијае посебно и заедно истовремено. Придобивките од оваа фантастична природна формула ќе ви помогнат ако имате:

Остеопороза: До остеопороза доаѓа поради недостаток на калциум кој е потребен за други процеси во организмот, па телото го зема од коските, а тие слабеат. Внесување на дополнителна количина хелиран калциум помага да ги зачувате коските цврсти и паралелно одвивање на метаболитички процеси.

Рахитис: Главна причина за појава е недостаток на витамин Д, кој пак е клучен за метаболизамот на калциум во организмот, односно складирање на калциумот во коските.

ПМС: Истражувања покажуваат дека дневната консумација на цинк, кој е одличен за репродуктивните органи и калциум ги намалува симптомите на менструалниот циклус како промени во расположението, дуење, потреба за одредена храна и болка.

Болести на бубрезите: Нарушувањата на работата на бубрезите настанува поради високо ниво на фосфати. Повторно, калциумот го враќа балансот и ја подобрува работата на бубрезите.

Грчење на мускулите: Состојба која е забележана кај поголемиот дел од луѓето. Грчењето на мускулите се случува под коленото, рацете и абдоменот. Има разни причини за појава на грчеви во мускулите, меѓутоа кај бремените жени секогаш е резултат на недостаток на калциум.

Кардиоваскуларни заболувања: Недостатокот на магнезиум го зголемува ризикот од абнормален срцев ритам, со што пак, се зголемува ризикот од компликации по срцев удар. Затоа, консумирање на препорачаните количини на диететските додатоци на магнезиум може да биде од корист за кардиоваскуларниот систем.

Висок крвен притисок: Магнезиумот игра клучна улога во природно регулирање на крвниот притисок. Додатоците на магнезиум и исхраната, вклучувајќи многу овошје и зеленчук, кои се добри извори на калиум и магнезиум, константно се поврзани со намалувањето на крвниот притисок

Мигрена, несоница и симптоми на депресија: Бројните здравствени придобивки на магнезиум, исто така, ги вклучуваат третманите на мигрена, несоница и симптомите на депресија. Магнезиумот, исто така, е познат во лекувањето на тешки форми на психијатриски нарушувања, вклучувајќи напади на паника, стрес, вознемиреност и непотребни стресови.

Инфекции и проблеми со очите: Ноќно слепило или катаракта се дел од многуте познати болести на очите. Цинкот игра важна улога во одржување на видот и е присутен во голема концентрација во окото.

Заби и непца: Цинкот е неслучајно дел од сите пасти за заби. Тоа е така, бидејќи штити од формирање на наслаги и заболувања на непцата.

Акни и останати состојби на кожата: Истражувањата покажуваат дека луѓето со ниско ниво на цинк во крвта се посклони на појава на акни.

Настинка и грип: Цинкот, магнезиумот и калциумот имаат антивоспалително дејство, па ги смируваат сите воспаленија на ушите носот и грлото кои може да предизвикаат настинки или грип.

Nature Essential - Калциум, Магнезиум, Цинк / 475 мг / 50 таблети

Го подобрува кардиоваскуларното здравје, ги намалува болките и грчевите во коските и мускулите. Го зајакнува имунитетот.

  • 390 ден.

Нарачки на телефон: (02) 3218-821

Бесплатна достава за сметка над 900 ден. Редовна цена 50 денари.

NATURE ESSENTIAL Масло од лук Го штити срцето Делува против дијабетес Го стимулира растот ..
230 ден.

Што е Коензим Q10? Веќе подолго време луѓето живеат во заблуда дека единствената употреба на коен..
355 ден.

Што е спирулина? Спирулината е сино-зелена алга во форма на спирала. Таа е една од најстарите фот..
580 ден.

NATURE ESSENTIAL-  КОРЕН ОД ЃУМБИР Ги намалува мачнините и вртоглавиците Ја намалува бо..
250 ден.

NATURE ESSENTIAL – Шитаке (Шитаке) – Печурка на имунитетот Долговечен симбол на до..
299 ден.

Dr. Viton - Магнезан-Б6 Помага при нервоза, раздразливост, блага анксиозност, нарушен сон и грчев..
199 ден.

Што е Garcinia Cambogia? Garcinia Cambogia е тропско растение во форма на зелена тиква. Потекнува..
499 ден.

SUPERMAGMA СУПЕР МИКС ОД ПЧЕНИЧНА И ЈАЧМЕНОВА ТРЕВА ЗА СУПЕР ЗДРАВЈЕ НА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО Моќна..
495 ден.

Dr. Viton - Омега 3 Д-р Витон Омега-3 капсулите содржат полизаситени омега 3 есенцијални масни ки..
240 ден.