-30% Institute Organica - Oрганско масло од арган

INSTITUTE ORGANICA - Органско масло од арган

  • Сува кожа
  • Акни
  • Псоријаза
  • Егзема
  • Брчки
  • Болки во зглобовите
  • Воспаленија на кожата
  • Опаѓање на косата
  • Сува коса
  • Хиперхолестеролемија
  • Артериосклероза

Што е арганово масло?

Неколку капки златна убавина…
Често нарекувано течно злато, аргановото масло е еликсирот на убавина стар илјадници години кој својот подем го доживува дури во 21виот век. Уникатно и со голема ризница бенефити, аргановото масло има што да понуди и веќе го освојува светот. Изобилува со хранливи состојки кои прават чуда со организмот и многу фармаколошки бенефити кои се одговорни за неговиот широко распространет успех.
Од топлите, пустински предели на егзотичното југозападно Мароко, подготвувано на традиционален таинствен начин, ви го претставуваме 100% природното арганово масло. Потполната чистота на приготвување на овој безвременски еликсир ви овозможува трајни резултати кога станува збор за здравјето и убавината на вашата кожа, коса и срце.

Како се добива арганово масло?

Маслото на убавината потекнува од широко разгранетото дрво од видот Argania spinosa уште познато како Арган. Ова дрво расте илјадници години и токму поради неговиот спор раст е ендемски вид во пустинските предели на југозападно Мароко. Аргановата шума која покрива повеќе од 8,280 км2 е национално мароканско богатство и е заштитено од страна на UNESCO.
Традиционалната подготовка на 100% природното арганово масло е долготраен процес кој бара многу внимание и техника. Произведувано исклучиво од вештите раце на мароканските жени, аргановото масло се добива со екстрахирање на маслото од плодот на аргановото дрво. Екстракцијата е долготраен процес од неколку чекори за кој е неопходно внимателно сушење на плодот, од кој понатаму, благодарение на рачна техника се отстранува аргановото масло. На овој начинсе добивало 35% од вкупниот капацитет на аргановата јатка. Оваа традиција на мароканските жени е позната со векови, од самиот почеток и појава на течното злато. Сепак, благодарение на машини за ладно пресување, од јатката на арганот се екстрахираат дури 60% чисто арганово масло.
Првичната намена на течното злато наречено арганово масло е во доменот на убавината и здравјето, но некои од највкусните марокански рецепти го користат аргановото масло како тајна, мистична состојка со богат вкус.

Беспрекорен состав за беспрекорна убавина

Aргановото масло е богато со масни киселини, антиоксиданти, витамин Е и останати комплексни соединенија. Масните киселини се многу важни деривати на триглицериди и фосфолипиди кои придонесуваат за задржување на огромни количества на ATP, енергетско соединиение кое му е потребно на организмот за извршување на метаболитички процеси. Масните киселини им се потребни на срцето и скелетните мускули. Линолеинската киселина е една од есенцијалните масни киселини која му е потребна на организмот и е присутна токму во аргановото масло. Заедно со олеинската киселина (која е препознатлива како незаситена омега 9 киселина) го заштитуваат срцето, спречуваат појава на „лошиот“ холестерол и дијабетес тип 2. Антиоксиданси: Меѓу многуте антиоксиданси кои ќе ги најдете во составот на аргановото масло, се наоѓаат и флавоноиди. Што се антиоксиданси? Антиоксиданси се природни компоненти кои му помагаат на телото да се штити од штетните слободни радикали. Слободните радикали се атоми или групи на атоми кои можат да ги оштетат клетките, да го нарушат имунолошкиот систем и да доведат до инфекции и воспаленија, па дури и до срцеви заболувања и рак. Антиоксидантите тука играат моќна улога во превенција од такви болести. Слободните радикали исто така го забрзуваат процесот на стареење.
Витамин Е: Витаминот Е, уште наречен витамин на убавината, е клучната состојка во составот на аргановото масло кое треба да биде неизоставен дел од секојдневието на една убава, модерна и урбана жена која се грижи за својот изглед. Витаминот Е е неопходен за зачувување на еластичноста на кожата, цврстината на ноктите, сјајот и јачината на косата.

Арганово масло за кожа

Основната примена на аргановото масло е во сферата на кожата. Но, кога зборуваме за кожата тоа не се однесува исклучиво  на козметичкиот аспект. И покрај тоа што витаминот Е и антиоксидантите се грижат за убавината на кожата, сепак аргановото масло се користи како лек против разни кожни заболувања. Меѓу нив се среќаваат:

  • Псоријаза
  • Егзема
  • Дерматитис

Аргановото масло се користи и за хидратација на кожата и зачувување на нејзината еластичност. Освен тоа, одлично е за отстранување на стрии и акни.

Хидратација на кожа: Аргановото масло содржи состојки наречени стеролини кои го одржуваат здравиот метаболизам на кожата и ѝ помагаат на кожата да ја одржи потребната влажност. Незаситените масни киселини во аргановото масло ја прават кожата помека.

Акни и лузни од акни: Аргановото масло го регулира излачувањето на секретот од лојните жлезди, кои е виновен за создавањето на акни. Витаминот Е во аргановото масло содржи антиоксиданти кои помагаат да се регенерираат оштетените клетки и на тој начин да исчезнат лузните од акните.

Против стареење: Со аплицирање на аргановото масло врз кожата антиоксидантите во неговиот состав ја штитат истата од загаденоста на воздухот и UV зрачењето. Токоферолите и аминокиселините како линолеинската ги уништуваат слобоните радикали и ја подобруваат еластичноста на клетките на кожата.

Аргановото масло ја зачувува својата магија благодарение на својот широк дијапазон за заштита на кожата.Тоа се користи за сите типови кожа и има способност на сите подеднакво поволно да влијае:

Сува кожа: Кај луѓето со сува кожа, аргановото масло ја стимулира хидратацијата. Освен тоа се ослободува од чешањето и лупењето на кожата. Сувата кожа не произведува доволно секрет па затоа кожата има потреба од влажност. Аргановото масло го балансира производството на секрет на кожата.

Чувствителна кожа: 100% природното арганово масло го намалува ризикот од воспаление благодарение на антиоксидантните својства и витаминот Е. Ако вашата кожа е склона на воспаленија и состојби како егзема, псоријаза, дерматитис и осипи аргановото масло е решение на сите ваши проблеми.

Масна кожа: Масната кожа е склона на поголема екскреција на секрет кој предизвикува појава на акни. Аргановото масло има способност да ја регулира секрецијата и да и даде доволна влажност на кожата.

Комбинирана кожа: Комбинираната кожа е специфична бидејќи најчесто зоната околу носот и челото е масна додека останатите делови се суви. Таа бара особено внимание и внимателен третман, а аргановото масло ја балансира хидратацијата и ја штити кожата.

Прва помош против стрии

Стриите за време на бременоста се многу честа појава во животот на жената. Голем број жени за време на својата бременост ја зголемуваат својата тежина многу брзо, а потоа ја задржуваат таква подолг временски период. Човековата кожа иако еластична има своја граница. Кога истата ќе се пречекори се случуваат абнормалности. Во овој случај се појавуваат тенки линии на кожата наречени стрии.

Аргановото масло е познат козметички производ во борба против стиите. Лесно впивлив со одличен резултат – мазна кожа. Богато со антиоксиданти, аргановото масло заедно со останатите есенцијални компоненти дејствува против стриите. Редовната употреба на арганово масло за време на бременоста ја зачувува еластичноста на кожата. Тоа го прави така што спречува уништување на есенцијалните протеински структури наречени колаген и еластин. Масните киселини во аргановото масло исто така имаат позитивно влијание врз кожата. Тие го зачувуваат интегритетот на клетката и делуваат превентивно. Колку се поинтегрирани клетките толку е поголема еластичноста. Антиоксидантите во аргановото масло ја зачувуваат еластичноста и делуваат антистресно.

Арганово масло за коса

Ако ве загрижуваат многуте влакна на мијалникот во бањата или на вашата четка за чешлање тогаш е вистинско време да му обрнете внимание на проблемот со губење на косата. Вистински начин да го направите тоа е да го воведете аргановото масло во вашата рутина.

Ексфолијација на скалпот

Аргановото масло навлегува длабоко во скалпот и прави екфолијација така што одзатнува фоликулите на косата. На тој начин ги отстранува сите штетни остатоци од продукти, загадување од околината и вишок секрет.

Неколку капки арганово масло на врвовите на прстите се доволна количина со која треба да го измасирате скалпот за да ја подобрите циркулацијата. Редовната употреба од најмалку три пати во неделата ќе го спречи опаѓањето на косата и ќе помогне за нејзино повторно растење.

Аргановото масло е одлично за зачувување на природниот сјај на косата. Затоа користете го при бојадисување, за оштетени врвови и волумен.

Institute Organica - Oрганско масло од арган / 50 мл

Често нарекувано течно злато, аргановото масло е еликсирот на убавина стар илјадници години кој својот подем го доживува дури во 21-виот век.

  • 650 ден.
  • 455 ден.

Нарачки на телефон: (02) 3218-821

Бесплатна достава за сметка над 900 ден. Редовна цена 50 денари.

Institute Organica - Oрганско масло од арган -30%
INSTITUTE ORGANICA - Органско масло од арган Сува кожа Акни Псоријаза Егзема Брчки Б..
650 ден. 455 ден.