-50%

Australian Pink Clay Mask

220 ден

Погледни кошничка

Опис

Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask е идеална детокс маска која ги отстранува нечистотиите од површинскиот, но и од подлабоките слоеви на кожата, експресно враќајќи го природниот сјај и блескавост на лицето.

Внимателно избраните состојки, ја прават Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask погодна за сите типови, па дури и за чувствителната и сува кожа, помагајќи и да заздрави, да се повлече црвенилото и да го изедначи тенот на лицето.

РОЗОВАТА ГЛИНА  содржана во Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask  е најдобрата од сите глини за лице, бидејќи е нежна, а  сепак  делува на многу нивоа на лицето и функционира така што од кожата ги собира вишокот маснотии, но не ја отстранува природната влажност, туку помага дехидрираната кожа да се врати во својата првична и здрава состојба.

Комбинацијата на розова глина со екстракти од цвет од хибискус, вештерска леска, лист од рузмарин, алги надополнета со алое вера, стероли од калинка, зелен чај, кокосово масло и витамините А и Е има ефект на пилинг за чистење на лицето кој длабински продира и ги чисти отровите од кожата. На тој начин лицето ги апсорбира сите останати хранливи состојки кои му ја враќаат виталноста , го штитат од стресорите од околината и помагаат за регенрација на клетките.

Балансираната комбинација на розовата глина и останатите состојки има брз и докажан ефект на намалување на црвенилото и иритациите кои се појавуваат од акни или други кожни проблеми.

Производот може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Зегин, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки. Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчето КУПИ ВЕДНАШ

92 прегледи за Australian Pink Clay Mask

  1. 5 помалку од 5

    Duska Arsova (потврден сопственик)

    Mnogu zadovolna

  2. 1 помалку од 5

    ivana lozanoska

    Ne mi pristigna proizvodot

  3. 5 помалку од 5

    Marija Milosheska (потврден сопственик)

    Прекрасен производ,уште поубав мирис, после третманот кожата ја прави измазнета, хидрирана и дава сјај и чувство на чистота.

  4. 5 помалку од 5

    Јулијана (потврден сопственик)

    Супер производ, ја смирува кожата и помага со акни и црнки, ги исполнува ветувањата 🙂

  5. 5 помалку од 5

    Nikolina Avramoska (потврден сопственик)

    Odlicen proizvod

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Cancel

АКТИВНИ СОСТОЈКИ: Розова глина, Екстракт од цвет хибискус, Екстракт од вештерска леска, Алое вера, Стероли од калинка, Екстракт од овошје мангостин, Екстракт од зелен чај, Екстракт од лисја од рузмарин, Кокосово масло, Витамин А, Витамин Е, Екстракт од алги

НАЧИН НА УПОТРЕБА: На претходно темелно исчистена кожа, најефикасно со топла вода за подобро отворање на порите, нанесете еднаков слој од Dr. Viton – Australian Pink Clay Mask.

Откако ќе ја нанесете маската, не се обидувајте да ја размачкате бидејќи постепено ќе почне да се стврднува.

Оставете да делува на вашето лице од 10 до 15 минути, или додека е целосно не се исуши на лицето. Измијте ја со млака вода и нежно избришете го лицето со пешкир.

Доколку имате масна – комбинирана кожа користете ја 2 до 3 пати неделно, или 1-2 пати неделно доколку имате сува и сензитивна кожа.

 

Препорака: При првата употреба нанесете од маската само на мала површина од вашето лице за сами да тестирате како делува на вашата кожа.

Вие исто така би сакале…