Dr. Viton – Bio Fiber

400 ден

Опис

Dr. Viton – Bio Fiber е природен пребиотик во прав од растителни влакна од акација кои помагаат да се нахранат корисните бактерии во дигестивниот тракт.

Влакната од акација се растворливи и затоа телото може да ги искористи нивните микро и макронутриенти. Овие влакна побавно ферментираат во дебелото црево во однос на другите видови  влакна, па затоа скоро секој организам лесно ги поднесува.

Студиите покжуваат дека цревните бактерии одлично ги ферментираат влакната од акација во дисталниот (или последниот) дел од дебелото црево, додека повеќето други пребиотични влакна се ферментираат веднаш во првиот дел од дебелото црево, што доведува до ненадејно ослободување гасови. За лицата кои се склони на подуеност и гасови, влакното од акација делува неверојатно ефикасно.

Редовното консумирање на растителните влакна од акација делува смирувачки на ѕидовите на цревата и го забрзува враќањето на нормалната перисталтика и поттикнува редовно празнење.

Лесно и нежно, без нус појави, ги одзатнува цревата и го одржува здравјето на целокупниот систем за варење.

Благодарение на нивната структура, влакната од акација го зголемуваат чувството на ситост и помагаат да се намалат вишокот килограми.

КЛУЧНИ ПРИДОБИВКИ ОД  РЕДОВЕН ВНЕС НА ВЛАКНА ОД АКАЦИЈА:

  • Ја нормализираат дигестијата, така што поттикнуваат перисталтика на цревата
  • Го одржуваат здравјето на цревата намалувајќи го ризикот од нивна дивертикулоза и од појава на хемороиди
  • Го одржуваат холестеролот во серумот, спречувајќи негова апсорпција од храната
  • Учествуваат во контролата на дијабетесот, така што ја попречуваат апсорпцијата на глукоза
  • Помагаат во намалувањето на вишокот килограми така што ја забрзуваат дигестијата, спречуваат апсорпција на мастите и шеќерите и обезбедуваат чувство на ситост.

ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ – Кога цревата не функционираат како што треба, паѓа расположението и имунитетот. Внесот на доволна количина влакна може да ви помогне да ги нахраните цревата и да ја подобрите нивната функција, а со тоа ќе ја подобрите и психичката состојба.

КОМПЛЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРАВЈЕТО – Растителните влакна се важен дел од исхраната. Една доза од содржи 5 гр влакна од акација и може да се користи како безбеден лаксатив: за здраво чистење на дебелото црево, за нормално функционирање на дигестивниот систем, при запек и контрола на телесната тежина.

ПОДОБЕН ЗА ЧУВСТВИТЕЛЕН ЖЕЛУДНИК – Влакната од акација имаат побавна ферментација од останатите влакна во прав, па нежно и лесно се таложат во твојот желудник. Студиите покжуваат дека цревните бактерии ги ферментираат добро влакната од акација во дисталниот (или последниот) дел од дебелото црево, додека повеќето други пребиотични влакна се ферментираат веднаш во првиот дел од дебелото црево, што доведува до ненадејно ослободување на гасови. За лицата кои се подложни на надуеност и гасови, влакното од акација се покажува како неверојатно ефикасно, дури и во високи дози.

ПОТТИКНУВААТ РАСТ НА ДОБРИ БАКТЕРИИВлакната од акација се пребиотик кој има можност да ги одржува добрите бактерии во микробиомот и со тоа доведува до здрава средина во дигестивниот систем.

ОДРЖУВА  ЗДРАВА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНАКако одличен извор на растворливи влакна, акацијата создава чувство на ситост, со што се губи искушението за посегање по нездрава храна. Со апсорбирање на водата во цревата и желудникот за да се формира гел, влакната од акација создаваат чувство на заситеност до следниот оброк.  Овие влакна поддржуваат апсорпција на гликоза во крвотокот, што помага да се намалат брзите приливи на инсулин кои можат да доведат до варирање со килажата.

КВАЛИТЕТ НА КОЈ МОЖЕ ДА СМЕТАТЕ – Нашите растителни влакна во прав од акација се добиваат од 100 % чиста сорта дрво Acacia Senegal  и  е супериорен производ (пребиотик) за одржување на здравјето на дигестивниот систем. Правот не содржи никакви адитиви и е без глутен. Може да се комбинира во секој тип на исхрана (кето, палео, вегетаријанска). Додадете од правот во вода, сок, смути или храна.

Производот може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Зегин, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки. Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчето КУПИ ВЕДНАШ

304 прегледи за Dr. Viton – Bio Fiber

1-5 од 304 мислења
  1. Lesnotija na stomakot

  2. Prezadovolna

  3. /

  4. Super e

  5. Одлично ги чисти цревата

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Cancel

АКТИВНИ СОСТОЈКИ: Растителни влакна од Акација

  • 100% природен извор на растителни влакна од Акација
  • Соодветно за вегани
  • Лесно се вклопува во каков било пијалок или храна
  • Низок гликемиски индекс

Нето: 135 грама

НАЧИН НА УПОТРЕБА: Растворете една (1) кафена лажичка (5 гр) во 200 мл вода. Може да се пие до 3 пати на ден за максимален ефект. Се пие по оброк.
ВНИМАНИЕ: Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на собна температура, да не се изложува на прекумерна топлина и светлина. Додатоците на исхраната не треба да се употребуваат како замена за здрава и балансирана исхрана.