Jade Stone Facial Roller

940 ден

Погледни кошничка

Опис

Dr. Viton – JADE STONE Facial Roller

  • Го осветлува тенот
  • Ја намалува подуеноста
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Стимулира лимфна дренажа
  • Ги отстранува токсичните материи
  • Ги намалува воспаленијата и иритациите на кожата

Каменот жад претставува минерал со специфично својство да останува студен дури и кога е во допир со кожата, па токму затоа го осветлува тенот и ја прави кожата мазна и витална. Со редовната масажа на лицето со Dr. Viton Jade Stone Facial Roller, поттикнувате лимфна дренажа, со која се намалува подуеноста на лицето, а се исфрлаат токсините од кожата. Жадот ја подобрува микроциркулацијата, стимулацијата на природен колаген и видливо ги намалува брчките и линиите на лицето. Поради студеното својство на жадот, редовната употреба на ролерот може да ги стесни проширените пори, а ги намалува и воспаленијата и иритациите на кожата.

Како Dr. Viton Jade Stone Facial Roller ја прави кожата поубава?

Масажата со Dr. Viton Jade Stone Facial Roller поттикнува лимфна дренажа.  Тоа претставува празнење на кожата и мускулните ткива од лимфата (течност) која се задржува во кожата и прави таа да изгледа подуено и уморно. Масирајќи со Dr. Viton Jade Stone ролерот, се стимулира пренесување на кислородот до клетките, со што кожата станува посвежа, помазна, поубава.

Начинот на употреба е многу едноставен!

  1. Првиот чекор, откако ќе го исчистите лицето, е да го нанесете омилениот серум и да започнете со масажата. Тргнете од вилицата и движете се со нагорни движења кон очите и образите. Користете го поголемиот камен од ролерот.
  2. Понатаму, продолжете со поголемиот камен од ролерот, почнувајќи од средината на лицето (од носот) кон надвор (кон ушите).
  3. Со помош на помалиот камен на другиот крај од ролерот, масирајте ја областа околу очите и усните. Масажата изведувајте ја со умерено притискање.

Чист ролер за помалку од минута!

Неопходно е ролерот да се чисти по секоја употреба. Нанесете малку благ шампон на камењата од ролерот, па исплакнете со млака вода. Исушете го со тапкање во сув пешкир.

Производот ќе го најдете во аптеките на: Зегин, Плус Фарма, Бети, Роса Вита, Алпи Фарм, Вивалек, ДНА Анни Фарм.

Производот може да го нарачајте ONLINE со кликнување на копчето КУПИ ВЕДНАШ

 

Или на телефонскиот број: 02 3218 821

(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!

49 прегледи за Jade Stone Facial Roller

4,9
Based on 49 reviews
5 ѕвезди
89
89%
4 ѕвезди
10
10%
3 ѕвезди
0%
2 ѕвезди
0%
1 ѕвезда
0%
1-5 од 49 мислења
  1. Одличен за вечерна рутина

  2. odlicen proizvod, bese namenet za podarok i primacot e vooduseven

  3. zadovolna sum

  4. Odlicen

  5. Необичен производ за убавина на лицето кој уживам да го користам.

Add a review
Currently, we are not accepting new reviews

100% природен жад.

Нанесете серум/крем за лице и почнете со масажата од вилицата со нагорни движења. Продолжете да масирате од центарот на лицето (носот) кон надвор (ушите и линијата на косата). Завршете ја масажата користејќи го помалиот камен под очите и околу усните. Користите благ притисок за време на масирањето. Исчистете по секоја употреба со сапун и млака вода.

Вие исто така би сакале…