Nature Essential -  Цитосан

Сунѓерот на маснотии: Цитосанот ги решава дигестивните проблеми и ги намалува килограмите

За љубителите на сочни хамбургери,пржени компири со прелив и ладни газирани пијалаци, цитосанот е вистинско решение за проблеми со варењето, мастите, цревата.

Што е цитосан?

Потекнува од длабоките морски води, а во својата основа го содржи цитинот. Цитинот е вид на влакно, сличено како биополимер, екстрахиран од надворешниот оклоп на дел од морскиот свет како школки, јастог, рак или шкампи. Во медицината се користи веќе долго време за третирање на дебелината, високиот холестерол и проблеми со бубрезите. Но, најголема намена има во зачувување на правилна работа на дигестивниот систем и заштита на цревната флора од штетни масти. Како и сите останати форми на влакна, бидејќи не се произведуваат во човековото тело, не се толку лесно сварливи. Затоа, се врзуваат за мастите и преку дигестивниот тракт и дебелото црево ги исфрлаат надвор.

Дали со цитосанот се губат масти?

Кога внесувате масна храна, мастите влегуваат во телото преку стомакот и се апсорбираат во телото. Цитосанот делува како вид на сунгер кој не дозовлува телото да ги апсорбира мастите и да се складираат како масни наслаги, туку има неверојатна моќ, да самиот ги вшмукува и на тој начин не дозволува да се создаде (омразеното) масно ткиво околу стомакот. Ја потпомага дигестијата со тоа што го сопира овој процес и ги штити цревата.

Освен тоа што кога консумирате цитосан, телото не апсорбира масти и тие не се складираат на критичните области од телото, претставува огромен бенефит кога станува збор за губењето тежина. Цитосанот делува како антиоксидант, 100% природен е и делува како влакна кои им се потребни на цревата за да се спречи затнување.

Цитосанот во комбинација со витамин C пројавува многу побрзи резултати при подобрување на дигестијата, бидејќи се зголемува апсорпцијата на липиди.

Дали цитосанот е добар за високиот холестерол?

Секако, бидејќи го намалува и контролира. Едно истражување кое траело околу 8 недели, вклучувало 52 жена со високо ниво на холестерол во крвта. Половина од испитаниците користеле суплемент цитосан, додека останатата половина била подложна на плацебо. На крајот на истражувањето, резултатите покажале намалување на нивото на лош холестерол и триглицериди во крвта кај жените кои користеле цитосан.

Дали цитосанот помага кај болести на бубрезите?

Осетливите бубрези можат навистина да ви го отежнат животот, па грижата за нив е од исклучиво значење за целокупното општо добро на вашиот организам. Луѓето со проблеми со бубрезите искусуваат анемија, замор и губење на апетитот, настрана од сите физички болки во бубрезите и болки при мокрење. Едно истражување кое вклучува 80 испитаници со проблеми со бубрезите, вклучува две групи, една експериментална (со суплемент цитосан) и една контролна (со плацебо). Испитувањата покажале дека на крајот кај испитаниците на експерименталната група се забележани покачувања на хемоглобинот во крвта, подобрувајќи ја физичката сила, апетитот и несоницата.

Дали цитосанот се грижи за оралната хигиена?

Прелиминарни истражувања покажуваат дека цитосанот го намалува бројот на орални бактерии кои водат до распаѓање на забите и оштетување на непцата. Со самото тоа што цитосанот штити од воспаленија и делува антиоксидантно, ја одржува хигиената во усната шуплина и не дозволува појава на бактерии.

Nature Essential - Цитосан 300мг / 50 капсули

Го намалува нивото на штетни масти во организмот и ги апсорбира од 15-30 %. Цитосанот го контролира крвниот притисок во организмот, има способност да го спречи лошиот холесторол и да го зголеми добрио

  • 359 ден.

Нарачки на телефон: (02) 3218-821

Бесплатна достава за сметка над 900 ден. Редовна цена 50 денари.

AURON TMB1112 – Апарат за мерење на притисок Аурон апаратите се нова генерација кои мерењет..
2,400 ден.

7 причини зошто Auron Easy е најдобриот апарат за мерење притисок направен досега Дознај повеќе ..
3,290 ден.