Природно решение за проблемите со синусите и алергиите
Neti∙Pot е чудесна метода која ќе стави крај на измачувачките и болни проблеми со синусите и алгериите.Neti∙Pot e создаден од врвни доктори за нос, уво и грло и е инспириран од древната ајурведскa – јога техника“Јала Нети“. Neti∙Pot е керамички сад кој служи за назална иригација (плакнење на носните патишта и синусните канали). Во садот се става раствор од хималајаска сол и вода кој се истура во едната ноздрва и се одлива од другата ноздрва.
Со оваа метода ефикасно и на природен начин ќе се ослободите од симптомите и проблемите предизвикани од:
- Синузитис (aкутен и хроничен)
- Алергииски ринитис
- Поленска треска
- Грип и настинки
- Инфекција на дишните патишта
Користењето на Neti∙Pot треба да претставува дневна рутина за одржување на хигиената на носните патишта како што ги миете забите. Носните патишта се обложени со тенок слој на слуз. Слузта е еден од првите редови на одбрана на нашето тело против разни болести. Со редовна назалната иригација со Neti∙Pot слојот од слуз се одржува влажен, чист и здрав. Хималајската сол има изразено антибактериско дејство и во својот состав содржи 84 минерали и елементи.
Со редовно користење на Neti∙Pot и солен раствор од хималајска сол се постигнува следното:
- Нежно се измиваат и дезинфицираат носните патишта и синусните канали
- Се олеснува дишењето
- Природно се отсратнува вишокот слуз
- Се уништуваат микробите, бактериите и разни патогени
- Ефикасно се отстрануваат штетните честички како прашина, полен, разни иританти кои можат да предизвикаат инфекција
- Се одржува оптимална влажност на слузната мембрана
- Се намалуваат симптомите како болки во лицето, кашлање, лош здив, главоболки и зголемена секреција.
- Ја намалува потребата за лекови
Ефикасноста на Neti∙Pot е потврдена од бројни научни истражувања од еминентни институции и оваа метода се користи од милиони задоволни корисници ширум светот.
Кај бројни корисници кои редовно користат Neti∙Pot се јавуваат позитивни ефекти на здравјето на ушите, очите, грлото, белите дробови како и на менталното здравје. На многумина им го подобрува квалитетот на животот.