-50%

Oxygen Bubble Mask

245 ден

Availability: На залиха
Погледни кошничка

Опис

Dr. Viton – Oxygen Bubble Mask е најзабавната маска за лице која длабински ја чисти твојата кожа. Откако ќе нанесете подебел слој на лицето за 15 минути почнува да прави меурчиња, а вие ќе почувствувате нежно, но пријатно скокоткање што е знак дека маската делува.

Кислородните меурчиња заедно со јагленот од бамбус започнуваат темелно да ја чистат кожата навлегувајќи длабоко во порите на кожата чистејќи ги темелно.

Бентонит глината навлегува длабоко во порите и ги извлекува токсини и нечистотиите длабоко од порите на кожата, а екстрактот од калинка со неговата антиоксидативна моќ ја регенерира кожата комплетно.

Екстрактите од портокал и лимон и ја враќаат свежината на кожата, ја прават блескава и сјајна. Ја штитат кожата од слободните радикали кои предвремено ја стареат, а притоа и го активираат колагенот.

Есенцијалното масло од Бергамот ја подобрува еластичноста на кожата и ги минимизира порите на лицето. Притоа одлично делува против појава на здодевните мали акни.

Есенцијално масло од Еукалиптус кое исто така е дел од составот на Dr. Viton – Oxygen Bubble Mask ќе ја ревитализира кожата, а притоа ќе ја подобри циркулацијата на кожата на лицето.

Третманот завршува со моќното делување на Алое Вера која со нејзините антибактериски својства помага во контрола и намалување на бактериите што предизвикуваат акни на твоето лице. Го намалува природното црвенило на кожата и ја хидрира длабински сувата кожа.

Dr. Viton – Oxygen Bubble Mask покрај тоа е забавна е и неверојатно моќна маска со внимателно селектирани состојки од природата во служба на убавата и здрава кожа.

Производот може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Зегин, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки. Или нарачајте ONLINE со кликнување на копчето КУПИ ВЕДНАШ

335 прегледи за Oxygen Bubble Mask

  1. 5 помалку од 5

    Kristina S. (потврден сопственик)

    Top

  2. 5 помалку од 5

    Слаџанка (потврден сопственик)

    Extra e

  3. 5 помалку од 5

    Nenad Velkovski (потврден сопственик)

    Odlicno odstranuva necistotii od liceto

  4. 5 помалку од 5

    Anonymous (потврден сопственик)

    ok

  5. 5 помалку од 5

    Anonymous (потврден сопственик)

    Odlicna inovativna maska za lice.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Cancel

АКТИВНИ СОСТОЈКИ: Јаглен од Бамбус, Бентонит Глина, Екстракт од камилица, Екстракт од калинка, Екстракт од портокал, Екстракт од лимон, Есенцијално масло од Бергамот , Есенцијално масло од Еукалиптус, Алое Вера екстракт.

НАЧИН НА УПОТРЕБА: На сува кожа нанесете подебел слој од Dr. Viton – Oxygen Bubble Mask.
Внимавајте при нанесувањето, нанесете внимателно околу очите, усните и носните шуплини.
Оставете да делува  од 10 до 15 минути на вашето лице. Ќе забележите како маската постепено создава ситни меури и ќе почувствувате пријатно скокоткање.
По 10 минути делување започнете со темелно плакнење на лицето дел по дел со млака вода или употребете сунѓерче за шминка натопено во млака вода.

Препорака: При првата употреба нанесете од маската само на мала површина од вашето лице за сами да тестирате како делува на вашата кожа.

Вие исто така би сакале…