Vitamin C Serum
977 ден
- Опис
- Продажни места
- Прегледи (1071)
- Состојки
- Употреба
Опис
Dr. Viton- Vitamin C е серум што ја враќа свежината и младоста на кожата на лицето.
Серумот содржи висока концентрација на витамин Ц и затоа ефикасно го забавува природниот процес на стареење на кожата, но и оној поттикнат од надворешните фактори како УВ зраците.
Препорачано е да се нанесува како дел од утринската рутина, во комбинација со крем со заштитен фактор.
Бенефити од користење на Dr. Viton – Vitamin C Serum
- Ја штити кожата од оксидативен стрес предизвикан од УВА и УВБ зрачење
- Ја освежува кожата и го враќа природниот сјај
- Ги намалува флеките од сонце и флеките и лузните од акни
- Го спречува предвременото стареење на кожата
- Стимулира природен колаген
- Влијае врз намалување на темните кругови под очите
- Ги намалува воспаленијата на кожата
- Го забрзува заздравувањето на кожата
СОВРШЕН СПОЈ НА СОСТОЈКИ ВО DR. VITON – VITAMIN C SERUM
Витамин Ц – Dr. Viton – Vitamin C Serum содржи висока концентрација на органски витамин Ц кој го поттикнува производството на колаген во кожата. Со тоа ја одржува и еластичноста и структурата на тенот и го забавува предвременото стареење. Витаминот Ц ја регулира хиперпигментацијата и го осветлува тенот.
Хијалуронска киселина – Ја задржува влажноста на кожата и спречува создавање на брчки и линии. Со тоа се создава здрав и свеж изглед на кожата.
Органска алое вера – Ја хидрира кожата и ја намалува појавата на воспаленија.
Витамин Е – Ги штити клетките од надворешно оштетување и ја задржува хидратантната бариера.
Масло од јојоба – Го контролира производството на себум, поттикнува синтеза на колаген, делува антибактериски и антиоксидативно.
Ферулинска киселина – Спречува УВА и УВБ штети зраци и го намалува воспалението на кожата.
Во нашата палета на серуми за лице можете да го пронајдете и Dr. Viton – Hyaluronic Acid Serum.
Производот ќе го најдете во аптеките на: Зегин, Еурофарм, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Роса Вита, Алпи Фарм, Вивалек, ДНА Анни Фарм, dm и Cosmo – Tinex, како и сите подобро снабдени аптеки.
Може да нарачате ONLINE со кликнување на копчето КУПИ ВЕДНАШ
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
(Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Производот може да Ви биде доставен на адреса со брза пошта!
Витамин Ц
Хијалуронска киселина (растителна алтернатива)
Органска алое вера
Витамин Е
Масло од јојоба (органско)
Ферулинска киселина
МСМ
Глицерин
Феноксиетанол
Етил хексил глицерин
Начин на употреба: Измијте го лицето и со тапкање исушете ја кожата. Доколку користите тонер, прво аплицирајте го тонерот. Со врвовите на прстите нанесете мала количина од серумот на целото лице, вратот и деколтето. Почекајте да се апсорбира, потоа нанесете хидратантна крема. Може да се користи секојдневно, преку ден или навечер.
Претпазливост и предупредувања: Само за надворешна употреба. Прекинете со употреба доколку се појави црвенило или иритација на кожата. Да се чува подалеку од дофат на деца, на ладно и суво место. За време на бременост и доење, пред употреба, консултирајте се со фармацевт поради чувствителноста на кожата во тој период.
втор пат нарачувам , ТОП
Najdobar vitamin c serum. Gi odstani damkite na liceto od akni
Proizvodot go koristam vekje skoro 2 godini. Navistina i godi na mojata koža. Zabeležav deka porite mi se namalija kako i nekoja mala hiperpigmentacija što ja imav. Preporačuvam od srce.
The best
Mala e za ova cena, treba da bide po eftino!