Nature Essential - Жен Шен
  • го подобрува расположението и го намалува стресот
  • го зголемува имунитетот, се бори против бактерии и вируси
  • го подобрува помнењето и концентрацијата
  • помага при намалување на телесната тежина
  • jа зголемува енергијата
  • ја подобрува работата на белите дробови кај пушачи
  • делува антиканцерогено, го запира растот на туморите
  • ја зголемува плодноста

Што е жен-шен

Жен-шен е еден од најпознатите лековити билки во светот која се користела и пред повеќе од 5000 години. Во планините на Манџурија, Кина, жен-шен најчесто се користел за подмладување и за зголемување на енергијата. Тој се сметал за симбол на божествена хармонија поради неговата човечка форма. Една кинеска легенда наведува дека раните императори го користеле како лек за сите болести.

Жен-шен доаѓа од кинескиот поимот “rénshen”, што буквално значи “човекoлики корен”. Женшенот се смета дека е чудотворен лек кој го лекува целото тело особено затоа што неговиот облик наликува на човек. Современите научни истражувања докажале дека навистина коренот на жен-шен делува поволно на целото тело зголемувајќи ги физичките и психичките способности на човекот.

Дамнешните индијанци го користеле коренот од жен-шен како стимулант, како лек за неплодност, треска но и за многу други болести. Денес таа привилиегија ја имаат милиони луѓе кои секојдневно уживаат во благодетите на жен-шен.

Жен-шен – лек за целото тело

Жен-шенот е моќен лек за намалување на стресот и значително го подобрува расположението. Потоа ја зголемува физичката издржливост и е природен лек за исцрпеност и замор на тој начин што ја зголемува енергијата и ја стимулира физичката и менталната активност кај луѓето кои се чувствуваат уморно и исцрпено. Коренот од женшен во својот состав има гинсенозиди кои дејствуваат анти-инфламаторно и се борат против бактериите и вирусите кои предизвикуваат инфекции и други заболувања. Тој го зајакнува имунитетот помагајќи му на телото да се бори со надворешните инфекции и болести и го намалува бројот на бактерии присутни во слезината, бубрезите и крвта. Жен-шенот ја подобрува работата на мозокот, го подобрува помнењето и ја зголемува менталната способност дури и кај пациенти болни од Алцхајмер. Tретманот со жен-шен значително го намалува бројот на бактериите во белите дробови, го спречува развојот на цистичната фиброза и други белодробни заболувања. Неколку студии покажуваат дека жен-шенот го намалува нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2 и делува како природен лек за дијабетес. Конзумирањето жен-шен го намалува апетитот и го забрзуваа метаболизмот со што му помага на телото побрзо да ги согорува мастите. Жен-шен ја зголемува плодноста и ја подобрува работата на репродуктивниот систем кај човекот. Исто така, делува анти-канцерогено и го запира растот на туморите.

За справување со секојдневието

Дијапазонот на состојби за кои се корисни овие коренчиња е огромен. Жен шенот се користи за подобрување на когницијата, за справување со стресот и подобрување на општото добро на организмот. Голем борец е против депресијата, анксиозноста и хроничниот замор, додека во некои случаи се користи и против заболувања на белите дробови.

Некои луѓе го употребуваат и како дел од терапија при рак на дојка и за превенција на рак на јајчниците, џигерот и кожата.  Корисен е и при третман на анемија, дијабетес, гастритис, астма и висока температура, но и при недоволен апетит, инсомнија и менопауза.

Во некои од најновите истражувања е покажано дека голем дел од мажите го користат при импотенција или прерана ејакулација.

Сите употреби на ЖЕН ШЕНОТ за вашето здравје

Жен шенот е дел од кинеската традиција повеќе од 200 години. Традиционално се користел за справување со емоциите, за забавување на процесот на стареење, за разбистрување на мислите и мозокот и за зголемување на мудроста.

Жен шенот е афродизијак, аналгетик и општ стимулатор. Го штити црниот дроб кога е подложен на хемисли лекарства, го штити организмот од алергенски реакции познати под иметo анафилактичен шок.

Жен шенот е адаптоген, што значи дека го прави организмот отпорен на стресни ситуации. Ја зголемува енергијата, ја подобрува физичката перформанска, го продолжува животот и ја подобрува сексуалната активност.

Анксиознот

  • терапијата со жен шен ги смирува нервите и ја намалува анксиозноста.

Рак

  • едно истражување во Северна Кореа кое вклучувало 4 587 испитаници од машки и женски пол, на возраст од над 39 години покажува дека кај корисниците на жен шен, се намалиле шансите за 60% да се јави заболување од рак.
  • Експеримент во Кина докажува дека жен шенот во комбинација со хемотерапија го зголемува животот за 3 – 7 години.
  • Истражувачи во Кореа дошле до заклучок дека жен шенот уништува канцерогени клетки на белите дробови кои се резистентни на одреден хемотераписки лек.

Когнитивни способности

  • Едно истражување во период од 9 недели покажува дека испитаниците кои консумирале жен шен пројавиле значително подобрување на апстрактното мислење.
  • Други студии покажуваат дека жен шенот ја подобрува меморијата, го задржува подолго вниманието и концентрацијата и ја подобрува општата состојба на луѓето да размислуваат и донесуваат заклучоци.

Дијабетес

  • Постојат докази од истражувања дека жен шенот може да ја подобри состојбата кај пациенти со дијабетес тип 2, затоа што го регулира нивото на холестерол и шеќер во крвта.

Импотенција, неплодност кај мажите

  • Жен шенот е познат во источните култури како голем афродизијак, па така го подобрува либидото, особено кај мажите. Супстанците во составот на жен шенот го стимулираат делот од мозокот познат како хипоталамус кој директно дава „инструкции“ за секреција на хормоните кои ги стимулираат органите за репродукција.
  • Жен шенот ги решава проблемите на мажите врзани со импотенција, намалено либидо, неплодност и прерана ејакулација.

Менопауза кај жените

  • Жен шенот докажано ги намалува топлотните бранови кај жените во периодот на менопауза. Исто така ги намалува и останатите симптоми како променливо расположение, болки и сл.
  • Лабораториско истражување покажува дека жен шенот го зголемува излачувањето на хормонот естроген во раната менопауза.

Стрес и имунитет

  • Истражувања пронаоѓаат дека консумирањето на жен шен ја подобруваат стимулацијата на одредени хормони кои му помагаат на телото да реагираат во стрес ситуации.
  • Жен шенот е корен на животот затоа што е во непоразена борба со слободните радикали и вечен заштитник на имунолошкиот систем.

ФАКТ, ДВА за ЖЕН ШЕН

  • Докази укажуваат дека консумирањето на жен шен дневно, 12 недели по ред, ја подобрува менталната перформанса кај луѓето со Алцхајмерова болест.
  • Оралната употреба на жен шен ја подобрува функцијата на белите дробови кај хронични белодробни заболувања.
  • Користењето на жен шен заедно со гинко билката ја зголемува значително меморијата кај луѓе на возраст од 38 до 66 години.
  • Употребата на жен шен ја подобрува сексуалната функција кај мажите.
  • Кај луѓето со висок крвен притисок со користењето на жен шенот, може да дојде до значително намалување.
  • Нанесувањето на крема која содржи жен шен, на машкиот полов орган придонесува за превенција на прерана ејакулација.
  • Кореанскиот жен шен во прав ја подобрува сексуалната возбуденост кај жените по менопаузата.

Nature Essential - Жен Шен / 500 мг / 50 капсули

Најсилен имуностимулатор, Природен стимуланс за половите нарушувања кај мажите и жените, Помага за надминување на импотенцијата...

  • 369 ден.

Нарачки на телефон: (02) 3218-821

Бесплатна достава за сметка над 900 ден. Редовна цена 50 денари.

NATURE ESSENTIAL – Л-АргининАминокиселина со неверојатна моќност!Што е Л аргинин?Л..
290 ден.

San Sebastian - Куркума (Turmeric)Куркума (Curcuma longa) позната како лек за 1000 болести е вид..
295 ден.

Најдобриот избор за совршен баланс на целиот организам.(Oenothera biennis) – ЖОЛТО НО..
379 ден.

Совршена комбинација на витамини, минерали, антиоксиданси кои ја задоволуваат дневната потреба на ор..
255 ден.

NATURE ESSENTIAL-  КОРЕН ОД ЃУМБИРГи намалува мачнините и вртоглавиците Ја намалува бо..
250 ден.

Dr. Viton - Магнезан-Б6Помага при нервоза, раздразливост, блага анксиозност, нарушен сон и грчев..
199 ден.

AURON TMB1112 – Апарат за мерење на притисокАурон апаратите се нова генерација кои мерењет..
2,400 ден.

Природно решение за проблемите со синусите и алергиитеNeti∙Pot е чудесна метода која ќе ста..
1,190 ден.

San Sebastian - Хималајска СолНајздравата и најчистата сол на светотХималајската сол се созд..
120 ден.

ДОЛГИТЕ и НЕПРОСПИЕНИ НОЌИ ... СЕГА САМО СОН со МАГНЕЗАН-Б6 и ПАСИФЛОРАСекоја ноќ која ја поминa..
494 ден.